Корисни линкови

Предавањата се изведуваат од страна на високо квалификуван предавач по теоретска настава со долгогодишно работно искуство во областа на сообраќајот.Теоретската настава се одвива со современо опремен кабинет и е пропратена со компјутерска анимација и видео проекција на сите можни ситуации, правила и прописи и истовремено со вежбање на повеќе од 1000 испитни прашања на компјутер за секој кандидат, прашања кои секој еден кандидат ќе ги сретне при полагањето на возачкиот испит.Во текот на наставата ќе имате секаква помош од страна на предавачот се со цел совладување на материјалот како полесно би го положите првиот дел од возачкиот испит (тест). Потребната литература за да се положи теоретскиот дел ќе ви биде обезбедена од страна на Авто Школа Орион  во електронска и печатена форма.

ТЕОРЕТСКАТА НАСТАВА се одвива секој работен ден  во претходно утврдени термини. Овозможуваме индивидуалана или групна потготовка на кандидатите, пред полагање на теоретскиот дел од возачкиот испит-тестови.

       За секоја категорија се предвидени определен број на часови:                                                                                                               

  • А категорија.............................................  4 наставни часа со возачка дозвола од Б   категорија и А1 категорија
  • А категорија............................................ 16 наставни часа без возачка дозвола
  • Б категорија............................................ 20 наставни часа
  • Ц категорија..........................................   10 наставни часа
  • Д категорија.........................................    10  наставни  часа

Како да дојдете до возачка дозвола?

Пред да одете до било која авто школа, најдобро би било да се допрашате до Вашите пријатели кои веќе полагале , за тоа како изгледа обуката и што претставува, односно што добивате за Вашите пари. Не избрзувајте. Ова прашање е многу битно затоа што не секаде ќе ја добиете потребната едукација. Не сите авто школи работат совесно и професионално. Напротив, работат на Ваша штета обидувајќи се да Ве изманипулираат со цел да заштедат што повеќе и да Ве убедат дека ако не е газдата на авто школата Вие никогаш сами нема да го положите возачкиот испит. Жално, срамотно, непрофесионално... Најчесто тоа го прават со тоа што Ви го кратат часот. Ве убедуваат дека сте добар возач, а потоа ја обвинуваат комисијата за Вашиот лош резултат на испитот. Не ја исполнуваат целосната програма од обуката и многу често се случува да Ви створат сосема погрешна слика за тоа што претставува да учествувате во сообраќајот како совесен возач. Тоа не е случај со нас! За време на обуката ќе Ви биде овозможено да ја согладате вистинската слика за сообраќајот, да ја потенцираме Вашата личност како пресудна за Вашиот успех на испитот и понатаму во учеството во сообраќајот воопшто. Ќе ги искусите сите видови на ситуации со кои би се соочиле во возењето, ќе возите на секакви ситуации во градот и надвор од него (не на договорени релации за испит), како дење така и ноќе. Проверете зошто сме подобри од другите.  

Обука

Вашата обука трае 36 мото часови, односно 18 дена (по два часа на ден). Текот на обуката зависи од Вашиот договор со инструкторот. Во нашиот возен парк имаме на располагање возила кои ќе ги задоволат секој вкус и потреба.

Кондиционо возење

За сите оние кои одамна го положиле возачкиот испит, а од тогаш немале можност да управуваат моторно возило од Б категорија им ја нудиме услугата за КОНДИЦИОНО ВОЗЕЊЕ. Многу брзо ќе утврдиме колку Ви треба да се вратите во форма и притоа ќе Ви помогнеме без стресови да постигнете безбедно ниво на возачки вештини. Поминуваме заедно низ ситуации кои ви создаваат проблеми, се возиме низ делови од градот кои најчесто ќе ги користите и поминувате и станувате вистински возач во ШКОЛОТО НА ВИСТИНСКИТЕ ВОЗАЧИ.

  • Возач почетник

    Возач - почетник е секој возач на моторно возило до 21 годишна возраст , како и возач на моторно возило во период од две години по добивањето на возачката дозвола , независно дали ја добил во РМ или странство.                                              

    Возач - почетник  е и возач на моторно возило во период од две години по добивањето на дозволата од одредена категорија , назависно дали поседува возачка дозвола за друга категорија .                                                                                                     

    Возач-почетник  што поседува возачка дозвола од категориите ,, А ,, , ,, Б,, , ,, Ц,, , односно од подкатегориите ,, А1,, и ,, Ц1,, не смее да управува со брзина поголема од                     

    - 60 км/ч на јавен пат                                                                                                                

    - 80 км/ч на пат наменет само за сообраќај на моторни возила                                          

    -100 км/ч на автопат а со велосипед со мотор 40 км/ч                                                    

     Возач-почетник   не смее да управува возило во периодот од 23 до 5 часот , освен ако со него во возилото се наоѓа лице-возач постар од 25 години на кое не му е изрекувана забрана за управување со моторно возило                                                              

    Возач-почетник не смее да управува возило чија сила на моторот е поголема од 75 киловати  

Посветеност на нашите кандидати

Ви стоиме на располагање со најсовремени и комплетно опремени возила

Testreveal

df gfdg dfg dfg dfg dfg dfg

×

Login

Please login using your credentials recived by email when you register.


Forgot your password? |  Forgot your username?

×

Register now


I'm a small Introtext for the Register Module, I can be set in the Backend of the Joomla WS-Register Module.



  or   Login
×