Авто школа Орион е првата приватна авто школа во Република Македонија која е отворена во 1991 година. Како воспитно – образовна организација започна да функционира во областа на оспособување на кандидати за возачи на моторни возила од сите категории и подкатегории ( до формирањето на испитниот центар имаше сопствена испитна комисија работејќи достоинствено од 1993 до 2008) . Првиот кандидат започнал со обука на 10.04.1991 година. До сега во своето 22 годишно работење како авто школа со долгогодишна традиција и кавалитет зад себе брои околу 8000 успешно обучени кандидати за возачи преку професионална и квалитетна обука која ќе настојуваме да ја градиме и усовршуваме и во иднина.

Основач на компанијата е г-дин Трајчо Георгиев – Чачо кој од 1974 година работи во областа на сообраќајот и едукација на кандидати за возачи и несебично дава огромен придонес кон нивно развивање. До ден денес е активен и работи како член на комисија за полагање на возачкиот испит.

Од самото основање удрени се темелите на професионално работење и како такви настојуваме да ги задржиме дури до ден денешен, кога гледаме дека кон оваа работа се пристапува се по непрофесионално несериозно и аматерски. Од огромна важност за нас претставува Вашата безбедност како идни возачи и затоа апелираме до сите сериозни луѓе кои сакаат да бидат достојни возачи да размислат пред да одлучат на кого ќе му ја доверат својата доверба во совладувањето на сообраќајната вештина.

Секако дека некои ќе ве примамуваат со својата „срдечност“ или „посебно сфаќање“ за возачкиот испит. Сфаќање базирано на размислувањето само на еден поединец за тоа што значи да се биде возач. Уште повеќе ќе Ве примамуваат со шареноликоста на нивната понуда на зборови.

Не дозволувајте да бидете изманипулирани или да бидете убедувани дека работата зависи од некој друг. Не, работата, Вашата безбедност зад воланот зависи само од Вас. Ние ја истакнуваме важноста на поединецот како учесник во сообраќајот. Ја потенцираме потребата од нужното сопствено залагање за подобрување на севкупната слика за сообраќајот.

Како најстара, со најмногу искуство, како компанија- „мајка“ на многу инструктори во градот со гордост можеме да кажеме дека денес прераснавме во вистинска академија за возачи, со сопствен авто полигон и со сопствени возила за сите категории и подкатегории.

Квалитетната обука е нашиот заштитен знак

Вози БЕЗБЕДНО!!!

Вози со ОРИОН...

LOGO

Посветеност на нашите кандидати

Ви стоиме на располагање со најсовремени и комплетно опремени возила

Testreveal

df gfdg dfg dfg dfg dfg dfg

×

Login

Please login using your credentials recived by email when you register.


Forgot your password? |  Forgot your username?

×

Register now


I'm a small Introtext for the Register Module, I can be set in the Backend of the Joomla WS-Register Module.



  or   Login
×